ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЖИВЕАН БОРЕЦ ОД НОБ СЕ ПЛАШИ ДЕКА НЕМА ДА ДОЖИВЕЕ СПОМЕНИК НА СОБОРЦИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

    ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЖИВЕАН БОРЕЦ ОД НОБ СЕ ПЛАШИ ДЕКА НЕМА ДА ДОЖИВЕЕ СПОМЕНИК НА СОБОРЦИТЕ ВО КАВАДАРЦИ95- годишниот Атанас Златев со децении чека Кавадарци да изгради споменик на соборецот Диме Туриманџов - Горски и на војводата Добри Даскалов чие име го носел и Тиквешкиот партизански одред (Фото: СДК.МК)

    Единствениот преживеан борец од НОБ, 95- годишниот Атанас Златев, се плаши дека нема да дочека Кавадарци да изгради споменик на Диме Туриманџов – Горски и на војводата Добри Даскалов, двајца истакнати борци за слобода. Златев вели дека на тоа чека со децении и има аманет кон другарите кои починаа.

    Станува збор за неговиот соборец Диме Туриманџов – Горски, истакнат борец и прв повоен командант на Скопје кој загинал во мистериозна авиоанска несреќа по ослободувањето од фашистите, и за војводата Добри Даскалов од Илинденскиот период, кој имал своја чета и бил страв и трепет за османлиската власт, а за време антифашистичката борба и Тиквешкиот партизански одред го добил неговото име.

    „На голем собир на кој присуствуваа сите преживеани борци од целата бивша Југославија во 1974 година, побарав меѓу другото да се направат споменици на Туриманџов и Даскалов. Уште тогаш реков дека многу мои другари изумреа и дека тоа ни е своевиден аманет кон нив. Се донесе заклучок на кружниот тек во новиот центар на Кавадарци да се стават споменици на овие значајни луѓе од нашето минато. Но се остана само на заклучок, бидејќи сиве овие години тој не е реализиран. Се надевам дека ќе дочекам да видам едни такви споменици“, вели Златев.

    Од Здружението на борци и поддржувачи на делото на борците од Кавадарци, чиј претседател е Златев, ни рекоа дека после локалните избори се надеваат дека новата општинска власт ќе се посвети и на ова прашање.

    Нов градоначалник на Кавадарци е Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, а ова е една од петте општини каде што партијата на Груевски победи на локалните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира