ОПШТИНА БИТОЛА СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЌЕ ГИ ВРАЌА НАСЛЕДЕНИТЕ ДОЛГОВИ КОН РАКОМЕТАРИТЕ НА „ПЕЛИСТЕР“

    ОПШТИНА БИТОЛА СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЌЕ ГИ ВРАЌА НАСЛЕДЕНИТЕ ДОЛГОВИ КОН РАКОМЕТАРИТЕ НА „ПЕЛИСТЕР“Ако не си ги добијат двете плати, ракометарите на Пелистер се заканија дека нема да играат викендов

    Ракометарите на Пелистер нема да играат на саботното градско дерби со Еурофарм Работник во Битола, доколку до тогаш не им бидат исплатени заостанатите плати за септември и октомври. Парите им ги должи Општина Битола, која е стопроцентен сопственик на акциите во РК Пелистер.

    Претседателот на општинскиот Совет, Валентин Груевски, упати порака до ракометарите да имаат трпение, бидејќи со ребалансот на буџетот, кој се подготвува за 13 ноември, ќе се издвојат пари и за нивните плати. Груевски вели дека овој проблем со неисплатените побарувања на ракометарите го наследиле од минатата општинска власт.

    „Ова што го наследивме од претходната власт некој сакал намерно да го предизвика и чекајќи нѐ неподготвени, да направи ракометниот клуб да се распадне. Како ново општинско раководство, нема да го дозволиме тоа. Веднаш по ребалансот на 13 ноември, ќе им бидат исплатени заостанатите плати, а ќе бидат издвоени средства и за платите до крајот на годината“, рече Груевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира