На денешната конститутивна седница со верификување на мандатите на 23 советници, беше формиран Советот на општина Охрид, но не беше избран претседател.
Изборот на претседател не беше ставен како точка на дневен ред бидејќи не биле завршени консултациите околу формирање на мнозинство во Советот. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат мнозинство во Советот. На локалните избори СДСМ освои 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ 10 и двајца советници се од коалицијата на ДУИ, Движењето Беса и Алијанса за Албанците.
Координаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиевски кажа дека определба на Советот ќе биде да носи одлуки кои ќе бидат во интерес на граѓаните. Георгиевски потврди дека се разговата со партиите на Албанците кои имаат два советника за формирање на мнозинство во Советот.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков напомена дека тие ќе ги поддржат точките кои се во интерес на градот,оставјќи време да се види како ќе завршат преговорите за формирање на мнозинство во Советот.
Д. ЧУБРИЌ