ОПШТИНА КАРПОШ ИМА 420 ВРАБОТЕНИ, ДЕЛ ОД НИВ НЕМААТ НИ КАДЕ ДА СЕДАТ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ

    ОПШТИНА КАРПОШ ИМА 420 ВРАБОТЕНИ, ДЕЛ ОД НИВ НЕМААТ НИ КАДЕ ДА СЕДАТ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ42 лица воопшто не доаѓале на работа и на нив договорите на определено време кои им истекле на 31 октомври им се прекинати.-Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. (Фото:СДК.МК)

    Во Општина Карпош вработени се 420 лица, а дел од нив воопшто не оделе на работа, вели новиот градоначалник Стефан Богоев.

    Голем број од вработените немаат ниту каде да седат. Пренатрупаност има во сите сектори, дел од лицата се вработени во едно одделение, но седат и работат во друго. Во архивата на општината има двојно повеќе вработени, а во стражарската куќарка седат по 5 лица. За 42 лица досега Богоев обезбедил докази дека воопшто не доаѓале на работа и на нив договорите на определено време кои им истекле на 31 октомври им се прекинати.

    „Имаме сериозен проблем со бројот на вработени. Карпош има многу повеќе вработени од општини со поголем број жители. На пример, Аеродром која е поголема општина од Карпош има 200 вработени, а ние двојно повеќе. Од овие 420 лица, 90 се вработени за одржување на хигиената, а сите останати 330 во администрацијата“, вели градоначалникот Стефан Богоев.

    Богоев вели дека само една недела е во општината и сеуште нема донесено заклучоци што ќе се прави со останатите вработени и колку вработени реално се потребни во администрацијата.

    „Ќе ја разгледаме убаво ситуацијата и ќе ве информираме што и како понатаму. Имаме проблеми и со финансиите. Според она што досега можев да го видам состојбата е сериозна и тешка односно Општината има големи долгови“, додаде Богоев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира