БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗ И ВО СЛУЧАИТЕ „ТНТ“ И „ТОПЛИК“ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ

    БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗ И ВО СЛУЧАИТЕ „ТНТ“ И „ТОПЛИК“ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИСпецијалните обвинители Лиле Стефанова и Бурим Рустеми пред вчерашната јавна седница на Апелацискиот суд за бомбите во случаите „Топлик“ и „ТНТ“. (Фото: СДК.МК)

    Бомбите ќе се користат како доказ и во случаите на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ и „Топлик“, против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

    Од Апелациониот суд за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија за дека предметите „Топлик„ и „ТНТ“ се преиначени решенијата на Основиот суд Скопје 1, со кои тие беа тргнати од предметите како неважечки докази. Тоа значи дека и во овие две обвиненија прислушуваните разговори ќе важат како доказ. Апелација претходно одлучи бомбите да се користат и за случаите на СЈО „Насилствата и шамарите во Центар“, „Триста“ и „Тендери“.

    Обвинението за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, именуван од СЈО како случај „ТНТ“, според распоредот на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев, се падна кај судијката Татјана Михајлова. Таа во септември одлучила разговорот меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески со многу силен експлозив да го урнат „Космос“ на Цановски, кому според Груевски „од страв му течело низ панталони“, да го прогласи дека е неважечки како доказ.

    Во „ТНТ“ Груевски е првообвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Во овој случај обвинети се и Миле Јанакиески,Тони Трајковски и уште 4 лица. Во овој случај СЈО бараше, но судовите не одобрија мерка притвор за ексградоначалникот на Гази Баба,Тони Трајковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира