Најмалку 27 лица се убиени а над 20 повредени при пукање во црква во Тексас, за време на утринската миса, јавуваат агенциите.
Околу 11 часот маж влегол во црквата во малото гратче Садерлент Спринг, и почнал да пука. Според досегашните информации од полицијата напаѓачот е мртов.
На местото се наоѓаат и агенти на ФБИ. Сеуште не се знае мотивот за нападот. Досегашните информации се дека станува збор за еден напаѓач, но полицијата и ФБИ разгледуваат и други можности.