МЕСЕЦОВ СРЕДБА НА ПРЕГОВАРAЧКИТЕ ТИМОВИ ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО БЕЗ НИМИЦ, НАЈАВИ ДИМИТРОВ

    МЕСЕЦОВ СРЕДБА НА ПРЕГОВАРAЧКИТЕ ТИМОВИ ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО БЕЗ НИМИЦ, НАЈАВИ ДИМИТРОВ„Нашата политика е да ги одземеме аргументите на оние кои сакаат блокадата на нашиот пат кон Европската унија да остане“, вели Димитров. (Фото: СДК.МК)

    Преговарачките тимови на Македонија и Грција за решавање на спорот со името, ќе се сретнат месецов, но без посредникот Метју Нимиц, најави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    „Точниот датум сè уште не е дефиниран. Рано е нешто конкретно да се зборува. Нашата политика е да ги одземеме аргументите на оние кои сакаат блокадата на нашиот пат кон Европската унија да остане. Претходната Влaда даваше такви аргументи, а ние не само што нема да даваме такви аргументи, туку ќе ги одземеме“, рече Димитров.

    За изјавата на заменик-помошникот на американскиот државен секретар Хојт Ли дека спорот за името се решава досега на највисоко ниво, Димитров изјави дека добро би било покрај убави зборови да има и конструктивни ставови.

    Министерот Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска најавија дека во април Македонија ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира