Даника Рем испиша историја на локалните избори во САД, станувајќи прва трансродова личност која влегла во конгресот на една сојузна држава.
Триесет и тригодишната Рем ќе биде пратеник во конгресот на Вирџинија, откако на изборите го победи републиканецот Боб Маршал, ветеранот со 11 мандати досега и тврд конзервативец, кој водеше отворена борба против ЛГБТ-заедницата. Маршал (73), кој себеси се нарекува „прв хомофоб на Вирџинија“, одбиваше да дебатира со Рем и ја ословуваше како машко.
Рем е поранешна новинарка и долгогодишна пејачка во хеви метал бенд.
„Тоа што пејам во метал бенд и си ја тресам главата кога сум на сцена, не значи дека не можам да се кандидирам за владина функција. Зошто би се менувала? Еднаш веќе поминав низ голема трансформација“, кажа Рем.
Освен Рем, преседан направи и Сиетл, кој за првпат ќе има лезбијка за градоначалник, а во Шарлот победи Афроамериканка.