Еврокомесарот Јоханес Хан утринава се возеше со автобус од ЕУ инфо центарот до Агенцијата за вработување и назад за промоција на кампањата на ЕУ „Верувам во тебе, вложувам во тебе, ЕУ за тебе“ од 37, 5 милиони евра за унапредување на состојбите во образованието, вработувањето и социјалната инклузија.
Во рамките на кампањата, Хан им се обрати на корисниците на проектот „Вработување на младите“. Покрај Хан, на промоцијата присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски како и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.