ШЕСТ МЕСЕЦИ УСЛОВНО ЗА ТОМИСЛАВ ЛАЗАРОВ ЗА НАСИЛСТВАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ШЕСТ МЕСЕЦИ УСЛОВНО ЗА ТОМИСЛАВ ЛАЗАРОВ ЗА НАСИЛСТВАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАРПоранешниот координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров по денешното изрекување на пресудата во Кривичниот суд. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Oпштина Центар Томислав Лазаров, обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“ на СЈО е осуден на шест месеци условна казна затвор ако во наредните две години не направи друго кривично дело, од Основниот суд Скопје 1. Тој кажа дека нема да поднесе жалба на одлуката на Судот.

    На минатото рочиште, Лазаров призна вина и кажа дека длабоко се кае, па судијката Татјана Михајлова за денеска закажа изрекување пресуда, идвојувајќи ја постапката против него.

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи тогаш кажа дека локација или извор на насилствата во Oпштина Центар е мозокот на Никола Груевски, а Томислав Лазаров, кој и сега е советник во Центар од ВМРО-ДПМНЕ, е поттикнувач на тие насилства. Но, таа рече дека е позитивно изненадена од признанието на вината, што е олеснителна околност, како што кажа, за него.

    По денешната пресуда, таа кажа дека очекува ова да е единствена условна пресуда во случајот, бидејќи останатите обвинети не признале вина.

    Судската постапка против Никола Груевски и уште 11-мина други обвинети, исто така, за „Насилство во Општина Центар“, продолжува на 29 ноември.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира