078/257-640 Е ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПАЛЕЊЕ ОТПАД И ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

    078/257-640 Е ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПАЛЕЊЕ ОТПАД И ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ„Овој дежурен телефон е исклучиво за пријави за несовесно палење отпад и опасни материјали“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

    Општина Карпош од денес отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат да пријават палење токсичен отпад кој ја загадува животната средина. Во повикот до граѓаните, објавен на фејсбук страната на Општина Карпош стои дека на телефонот 078 257-640 граѓаните ќе можат да пријават палење отпад 24 часа.

    „За да дејствуваме превентивно против загадувањето на животната средина, ве молиме да ги пријавите несовесните граѓани кои палат смет, гуми, кабли, пластика и друг токсичен отпад“, стои во објавата на Општината.

    Стефан Богоев, градоначалник на Карпош, вели дека одлучиле да отворат дежурен телефон, на кој исклучиво треба да се пријавуваат само слуачи на палње отпад и токсични материали, бидејќи многу често граѓаните на Фејсбук објавуваа фотографии со запален отпад. Тој вели дека на овој начин ќе се олесни работата на инспекциските служби, бидејќи со директна пријава кај нив ќе можат навреме да интервенираат.

    „Повиците ќе се примаат 24 часа во денот, ќе има неколку дежурни екипи, кои веднаш информацијата ќе ја препратат до инспекторите за да можат веднаш да излезат на терен и да интервенираат. На флаерот го објавивме и бројот од полиција, бидејќи во случаи кога смет и разни токсични материјали се палат на приватен имот, во двор или во куќа инспекторите без асистенција од полиција не можат да влезат. Кога се пали на отворено или во погони кои подлежат на еколошка дозвола од Општината инспекцијата може и сама да интервенира, а по потреба секако да бара и помош од полиција“, вели Богоев.

    Тој се надева дека на овој начин ќе стават крај на несоодветното палење на отпад и опасни материјали, кои го загадуваат воздухот и животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира