ПУТИН ПОТПИША АМАНДМАН СО КОЈ СТРАНСКИ МЕДИУМИ ВО РУСИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КЛАСИФИЦИРААТ КАКО СТРАНСКИ АГЕНТИ

    ПУТИН ПОТПИША АМАНДМАН СО КОЈ СТРАНСКИ МЕДИУМИ ВО РУСИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КЛАСИФИЦИРААТ КАКО СТРАНСКИ АГЕНТИОд средбата на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во јули годинава

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша амандмани на законот, кои ќе овозможат странските медиуми во Русија да бидат третирани како „странски агенти“, јавува руската државна новинска агенција Спутник. Руските власти соопштија дека промената е одговор на барањето на владата на САД руската телевизиска мрежа РТ да се регистрира како странски агент, согласно Законот за регистрација на странски агенти (ФАРА).

    Спутник известува дека амандманот потпишан од Путин претходно бил одобрен од двата дома на рускиот Парламент. Според текстот на законот, медиумите кои добиваат финансиска поддршка од странски држави или организации може да се третираат како странски агенти, додека одлуката кои изданија ќе се класифицираат како „странски агенти“ ќе ја носи Министерството за правда.

    РТ, порано позната како „Русија денес“, и Спутник се соочија со поголема контрола во САД во текот на минатата година.

    Барањата на САД предизвикаа руските власти да се заканат со слични рестрикции на медиумите кофинансирани од САД, а кои работат во Русија, како што се Радио Слободна Европа, и телевизиската мрежа Тековно време.

    Том Кент, претседател на Радио Слободна Европа вели дека е прерано да се шпекулира за ефектите од новите амандмани.
    “Остануваме посветени да продолжиме со нашата новинарска работа за давање точни и објективни вести на нашата публика во руското говорно подрачје”, рече Кенет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира