ТУТУНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО САД ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ПЛАЌААТ ОГЛАСИ ДЕКА ПУШЕЊЕТО УБИВА

    ТУТУНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО САД ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ПЛАЌААТ ОГЛАСИ ДЕКА ПУШЕЊЕТО УБИВАПовеќе луѓе умираат секоја година од пушењето, отколку од убиства, СИДА, самоубиства, дроги, сообраќајни несреќи и од алкохол заедно, стои во огласот платен од четири големи компании (Фото: Вашингтон пост)

    Милиони Американци кои вчера отворија весник можеа да видат реклами на цела страница, преку кои што тутунските компании им признаа на читателите дека пушењето убива, а цигарите предизвикуваат зависност.

    Компаниите, исто така, ќе плаќаат за телевизиски реклами со иста порака во времетраење од 30-45 секунди, што цела година ќе се емитуваат во ударен термин на најголемите ТВ-мрежи, пет вечери неделно.

    „Повеќе луѓе умираат секоја година од пушењето, отколку од убиства, СИДА, самоубиства, дроги, сообраќајни несреќи и од алкохол заедно. Пушењето е силно зависно. Никотинот е состојката во цигарите што предизвикува зависност. Кога пушите, никотинот го менува мозокот и затоа откажувањето е толку тешко“, стои во огласот.

    Ваквите огласи беа наредени од Федералниот суд на САД и доаѓаат по 19-годишна правна битка со Министерството за правда.

    Огласите ќе се објавуваат во 50 големи весници, во пет недели во периодот од ноември до март, а ќе добијат простор и на ударно место на нивните интернет-страници.

    Тие ќе бидат платени од тутунските гиганти „Филип Морис“, „Алтрија“, „Ар Џеј Рејнолдс“ и „Лорилард“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира