МУКОСКИ ДОНЕСЕН НА РАСПИТ ВО КРИВИЧНИОТ СУД

    МУКОСКИ ДОНЕСЕН НА РАСПИТ ВО КРИВИЧНИОТ СУДКрсто Мукоски околу 11 часот беше донесен во Основниот суд Скопје 1. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски пред малку беше донесен на распит во Основниот суд Скопје 1, придружуван од полицајци. Мукоски е приведен во акцијата на МВР по наредба на Основното јавно обвинителство за организиран криминал корупција, кое што утринава соопшти дека отворило истрага против 36 лица за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

    На снимките од собраниските безбедносни камери, објавени од телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ се гледа дека Крсто Мукоски ја отвара вратата, а шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Јохан Тарчуловски ја координирале акцијата за нападот на пратениците од мнозинството на 27 април.

    Крсто Муковски и неговиот колега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски се членови на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања во Собранието. Ако има предлог од обвинител за одредување мерка притвор за пратеник, тогаш за тој предлог одлучува најпрвин Комисијата за мандатно – имунитетни прашања. Ако се изгласа таму предлогот, тогаш тој оди на гласање пред Собранието.

    На снимките од собраниските безбедносни камери кои што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ се гледа дека седуммина пратеници ја координирале акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре да го нападне пратениците од мнозинството на 27 април. Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.

    На 26 мај, Министерството за внатрешни работи соопшти дека го известило Основното јавно обвинителство дека презело мерки и активности во врска со Наредба за утврдување на целосни лични податоци за седум пратеници во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира