На Инстаграм има лажен профил на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, соопшти синоќа Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на официјалната страна на Фејсбук.
„Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на јавната обвинителка Фатиме Фетаи. Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да се наштети на угледот на обвинителката и на самото СЈО“, се вели во објавата на СЈО.
СЈО лажниот профил веднаш го пријавило во МВР.