КАНАДА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ 85 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЖРТВИТЕ ОД ПРОГОНОТ НА ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ

    КАНАДА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ 85 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЖРТВИТЕ ОД ПРОГОНОТ НА ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕКанадскиот премиер Џастин Трудо им се извини на жртвите на прогонот во парламентот (Фото: АП)

    Канадската влада ќе исплати 85 милиони долари за да ги обесштети жртвите на таканаречениот прогон на хомосексуалците, дискриминација од страна на државата, што се одвиваше неколку децении.

    Ова го објави премиерот Џастин Трудо во парламентот во Отава и притоа им се извини на жртвите.

    Владината програма, што траеше повеќе од 30 години и заврши дури во 1992 година, предизвика илјадници да останат без работа или да бидат судски прогонувани само поради нивната сексуална ориентација. Ваквата политика најмногу се почувствува во армијата, јавните служби и во канадската кралска полиција.

    Владата, исто така, се согласи да ги избрише судските досјеа на сите лица кои биле тужени врз основа на хомосексуалност.

    „Се извинувам за улогата на Канада во системските угнетување, криминализација и насилство врз сексуалните малцинства. Тоа е голема срамота и длабоко жалам за нештата што сме ги направиле. Затоа сега стојам овдека и кажувам дека сме грешеле“, изјави Трудо.

    Канада делумно ја декриминализираше хомосексуалноста во 1969, но со својата програма продолжи до 1992 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира