ЕДНИ ДОБИЈА ПРИТВОР, А ДРУГИ КУЌЕН ПРИТВОР, СУДОТ ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ, ОБВИНИ АДВОКАТ НА ОСОМНИЧЕН ЗА 27 АПРИЛ

    ЕДНИ ДОБИЈА ПРИТВОР, А ДРУГИ КУЌЕН ПРИТВОР, СУДОТ ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ, ОБВИНИ АДВОКАТ НА ОСОМНИЧЕН ЗА 27 АПРИЛВодачите на „За заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Игор Дурловски за време на организираниот напад во Собранието на 27 април. - Дамовски доби куќен притвор, а Дурловски притвор (Фото: СДК.МК)

    Душко Јанковиќ, адвокат на еден од осомничените за организираниот напад во Собранието на 27 април, обвини дека судот имал двојни аршини при одредувањето мерки за обезбедување присуство. На едни им беше одреден притвор, а на други куќен притвор, иако сите се осомничени за исто дело, додаде адвокатот.

    „Сите лица се осомничени за истото дело, тероризам, меѓутоа и овојпат се виде дека при одлучување за мерките за обезбедување присуство судот има двојни аршини бидејќи на едни им е одредена мерка притвор, а на други куќен притвор иако се осомничени за истото дело“, рече Јанковиќ, кој го застапува Д.Л., еден од 13-мината што добија 30 дена притвор.

    Тој поднел жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1, донесена на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција. Судот им одреди притвор на 13-мина од осомничените, меѓу нив и Богдан Илиевски Бетмен, а 6-мина добија куќен притвор, вклучувајќи го Борис Дамовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира