СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРИТВОР ЗА ШЕСТМИНАТА ПРАТЕНИЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ

    СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРИТВОР ЗА ШЕСТМИНАТА ПРАТЕНИЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛЗа секој пратеник за кого имаше барање за одобрување притвор се гласање поединечно. - Претседателот на комисијата Павле Богоевски (Фото: М. Златевска)

    Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со пет гласа „за“ го прифати барањето за одобрување притвор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.

    Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ, пред усвојување на дневниот ред на комисијата, предложи да се измени дневниот ред и заклучокот да биде дека комисијата расправа за барање за одобрување притвор на пратеници. Членовите на комисијата од опозицијата, меѓу нив и Тарчуловски и Мукоски, не дојдоа на седницата

    Претседателот на комисијата Павле Богоевски ја доставува одлуката на комисијата дека му предлага на Собранието да го прифати барањето за одобрување притвор до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој во рок од три дена треба да закаже седница. За одземање на имунитетот на пратеник потребно е просто мнозинство.

    Шестмината пратеници се осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира