ПО 12 ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ УШТЕ СЕ ТРАГА, НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА СПАСОВСКИ

    ПО 12 ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ УШТЕ СЕ ТРАГА, НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ги откри имињата на 12-мината по кои се трага, ниту дали меѓу нив има пратеници. - Спасовски на владина седница (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека сè уште се трага по 12 од 36 осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Спасовски, исто така, рече дека тие, најверојатно, не се избегани во странство.

    „Издадени се наредби за приведување на 36, а по 12 лица сè уште се трага, тие најверојатно се во Република Македонија“, изјави Спасовски по потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу МВР и мисијата на ОБСЕ околу контролата на лесното оружје и муниција

    Тој не ги откри имињата на 12-мината по кои се трага, ниту дали меѓу нив има пратеници.  Денеска во Собранието, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го прифати барањето за одобрување притвор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.

    Вчера, Основниот суд Скопје 1 им изрече мерка притвор на 13-мина од осомничените, вклучувајќи ги Митко Чавков, Игор Дурловски и Богдан Илиевски Бетмен, а шестмина добија куќен притвор, меѓу нив и Борис Дамовски и Владо Јовановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира