Дел од хридската населба Железничка три дена е под вода. Обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на Охрид поплавија повеќе куќи од населбата, а водата им е влезена и во дворовите. Ова не е првпат овој дел на градот на патот Охрид-Струга да биде поплавен.
„Водата ни навлезе во приземјето на куќите, подрумите ни се неупотребливи и огревното дрво што го подготвивме за зимава е речиси неупотребливо поради водата. Засега никој овде не дојде да ни помогне. Чекаме водата сама да се повлече. Тука,во близина на патот има и еден цевковод од кој се слева вода којзнае од каде”, вели резигнирано жител од Железничка.
Овој дел од Охрид со години страда при обилни врнежи на дожд. Претходната локалната власт го знаеше проблемот, но но се одзва на апелите на жителите од населбата да се изврши дренажа на теренот.
Во текот на денов не можевме да добиеме никого од „Нискоградба” која деновиве ги средуваше проблемите низ градот предизвкани од обилните врнежи.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека во Охрид наврнале 22 литри на метар квадратен.
Д. ЧУБРИЌ