АВСТРАЛИСКИ ПРАТЕНИК ГО ЗАПРОСИ СВОЕТО МОМЧЕ ОД ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГОВОРНИЦА

    АВСТРАЛИСКИ ПРАТЕНИК ГО ЗАПРОСИ СВОЕТО МОМЧЕ ОД ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГОВОРНИЦАТим Вилсон му предложи брак на своето момче, како што трае парламентарната дебата за легализирање на истополови бракови (Фото: Ројтерс)

    Австралиски пратеник му предложи брак на својот партнер за време на парламентарната дебата за легализирање на истополови бракови.

    Рајан Болгер, кој седеше во галеријата за публика, гласно му одговори со „да“ на Тим Вилсон, потврдувајќи го ветувањето што си го имаат дадено пред девет години.

    „Во мојот прв говор, јас ја дефинирав нашата врска со прстените што ни стојат на левите раце. Тие прстени се одговорот на прашањето што сакам да ти го поставам. Рајан Патрик Болгер, дали сакаш да се омажиш за мене“, изјави Вилсон, што предизвика аплауз и овации во салата.

    Претставничкиот дом денеска ја почна дебатата за законот, што беше одобрен од Сенатот пред пет дена. Гласањето за законот се очекува оваа недела.

    „Веруваме дека господинот Вилсон е првиот пратеник кој запросил некого во парламентот“, изјавија официјални лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира