Врховниот суд ја усвои одлуката на претседателот Доналд Трамп, со која на државјаните од шест мнозински муслимански, како и од две други земји им се забранува да патуваат во САД.
Со оваа забрана, барањето за виза автоматски ќе им се одбива на државјаните на Чад, Либија, Иран, Сомалија, Сирија, Јемен, Северна Кореја и на Венецуела.
Иако за целосното воведување на забраната ќе треба да поминат неколку месеци, резултатот од гласањето на судиите (7:2) претставува тежок удар за активистите кои протестираа против дискриминацијата.
Исклучок ќе се прави за оние лица, кои имаат членови од блиското семејство или документирани бизнис договори во САД.
„Ова е суштинска победа за заштитата и безбедноста на американските граѓани“, изјави јавниот обвинител Џеф Сешнс.