ТРАМП ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ЕРУСАЛИМ ЗА ГЛАВЕН ГРАД НА ИЗРАЕЛ

    ТРАМП ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ЕРУСАЛИМ ЗА ГЛАВЕН ГРАД НА ИЗРАЕЛИзраел отсекогаш го сметаше Ерусалим за свој главен град, додека Палестинците го планираа Источен Ерусалим за главен град на идна палестинска држава (Фото: ЕПА)

    Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел и контроверзната одлука ќе биде соопштена денеска, изјави висок претставник на американската влада.

    Со овој потег, Трамп, исто така, ќе одобри американската амбасада да биде преселена од Тел Авив во Ерусалим, иако ова би можело да се случи за неколку години.

    Израел ја поздрави промената, но палестинските и арапските лидери предупредија дека ова би можело да ги загрози мировните преговори за Блискиот Исток.

    Папата Фрањо повика да се почитува статус кво.

    „Дијалог може да има само доколку се почитуваат правата на сите луѓе од регионот“, кажа папата.

    Саудиска Арабија, која е сојузник на САД, изјави дека новата политика е сериозна провокација на муслиманите.

    Израел отсекогаш го сметаше Ерусалим за свој главен град, додека Палестинците го планираа Источен Ерусалим за главен град на идна палестинска држава.

    САД на овој начин ќе стане првата држава која го признала Ерусалим за главен град на Израел од неговото основање во 1948 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира