РОНАЛДИЊО ЗАВРШУВА СО ФУДБАЛОТ ЗА ДА БИДЕ ПЕЈАЧ

    РОНАЛДИЊО ЗАВРШУВА СО ФУДБАЛОТ ЗА ДА БИДЕ ПЕЈАЧВо март го издаде првиот сингл „Созињо“. - Роналдињо (Ројтерс)

    Бразилскиот фудбалски волшебник Роналдињо соопшти дека и официјално ќе ја заврши играчката кариера наредната година, со цел да се фокусира на музиката и на неговите фудбалски школи.

    Иако нема играно на професионално ниво откако си замина од бразилскиот прволигаш Флуминензе во 2015 година, 37-годишниот Роналдињо кажа дека бара начин како да го изведе повлекувањето.

    „Ја оставам оваа игра зад себе. Мислам дека наредната година и официјално ќе му кажам збогум на фудбалот. Можеби ќе одиграм неколку проштални мечеви со клубовите за коишто имам настапувано, треба уште да размислам“, изјави светскиот првак од 2002 година и освојувач на Златната топка во 2005 година.

    Во март, тој го издаде првиот сингл „Созињо“ и во музиката ја гледа својата идна кариера.

    Откако ќе завршам со фудбалот, се префрлувам на моите музички проекти. Тоа ќе биде нешто ново за мене, ќе мора да се приспособам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира