ВАРДАР ОСВОИ ПОЧЕСЕН БОД, НО ОСТАНА НАЈСЛАБА ЕКИПА ВО ЛИГА ЕВРОПА

    ВАРДАР ОСВОИ ПОЧЕСЕН БОД, НО ОСТАНА НАЈСЛАБА ЕКИПА ВО ЛИГА ЕВРОПАВо дебитантскиот настап во Лига Европа вардарци наредија пет порази и едно реми (Фото: Ѓ. Личовски)

    Фудбалерите на Вардар освоија почесен бод на крајот на групната фаза на Лига Европа, но со тоа, сепак, не го избегнаа статусот на најслаба екипа во годинашната сезона.

    Во последното, шесто коло, македонскиот првак одигра 1:1 со норвешки Розенборг на домашен терен, со што ја прекина серијата од пет порази.

    Вардар поведе уште во деветтата минута преку Итало и позитивен резултат одржуваше до крајот на првото полувреме, кога Никлас Бендтнер израмни на 1:1 од белата точка.

    Иако испиша историја на македонскиот фудбал со пласманот во групната фаза, Вардар на шесте натпревари успеа да постигне само три погодоци и на крајот имаше гол-разлика од -17, убедливо најслаба меѓу сите екипи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира