БОГДАНОВИЌ ЌЕ ДОНИРА ОД ПЛАТАТА ЗА НАГРАДА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЌЕ ПРИЈАВАТ РАСФРЛАН ОТРОВ

    БОГДАНОВИЌ ЌЕ ДОНИРА ОД ПЛАТАТА ЗА НАГРАДА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЌЕ ПРИЈАВАТ РАСФРЛАН ОТРОВГрадоначалникот Богдановиќ вели дека многу тешко се доаѓа до лицата кои фрлаат отров за да се трујат кучиња, па затоа бараат помош и од граѓаните.- Богдановиќ со заменик командирот на полициската станица Центар Милисав Мијаличиќ (Фото:Општина Центар)

    Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и дел од вработените во општината ќе донираат дел од нивната плата за да ги наградат граѓаните кои ќе пријават расфрлан отров на јавните површини. Градоначалникот Богдановиќ денеска рече дека многу тешко се доаѓа до лицата кои фрлаат отров за да се трујат кучиња, па затоа бараат помош и од граѓаните.

    „Во досегашното излегување на терен и акциите што ги спроведовме заедно со полицијата, пронајден е отров во месо и во приготвена храна од ресторани во Капиштец, Буњаковец, Клубот на новинари и кај Државна болница. Очигледно се работи за организирана акција која не ја прават едно или две лица. Тешко се доаѓа до сторителите и затоа дел од вработените од општината ќе донираат од своите плати за да се обезбеди награда за оние граѓани кои што ќе пријават расфрлан отров за кучиња“, рече Богдановиќ.

    Општина Центар подготвиле пријава против непознато лице за фрлање отров бидејќи досега, нема конкретно пријавено сторител, а секојдневно има по 4 до 5 случаи.

    Заменик командирот на полициската станица Центар  Милисав Мијаличиќ, упати апел до сите граѓани кои чуваат миленичиња задолжително да ги шетаат со ремен и со маска, бидејќи во спротивно, следуваат и прекршочни пријави.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира