ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИ И НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА ТРУЈАЧИТЕ, ПОБАРАА ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ НЕХУМАНИОТ ТРЕТМАН НА КУЧИЊАТА

    ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИ И НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА ТРУЈАЧИТЕ, ПОБАРАА ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ НЕХУМАНИОТ ТРЕТМАН НА КУЧИЊАТАГраѓаните на протестот пред Град Скопје побараа од надлежните хуман третман за бездомните кучиња, да се забрани слободната продажба на отрови и најстроги казни за трујачите.(Фото:М.Златевска)

    Стотина граѓани и активисти заедно со нивните миленици денеска од паркот „Жена борец“ во Скопје, го почнаа протестот против нехуманиот третман на кучињата и масовното труење кое се случуваше изминатава недела.

    Од таму тие се упатија кон бараките на Град Скопје од каде побараа од надлежните кои, како што велат, со години го игнорирале овој проблем, хуман третман за бездомните кучиња и забрана за слободната продажба на отрови и настроги казни за трујачите.

    „Животните не се криви што се живи и на улица, вината за состојбата во која се наоѓаме е исклучиво во факторот човек. Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност. Изговори повеќе не смее да има, полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и за секој кој злоупотребува отрови бараме без исклучок да се изрекува казна притвор“, рекоа учесниците на денешниот протест.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира