СУДИЈКАТА ЛАЛИЧИЌ СИ ГИ ЗЕЛА КАМЕРИТЕ ЗА СВОЕ СУДЕЊЕ, ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ

    СУДИЈКАТА ЛАЛИЧИЌ СИ ГИ ЗЕЛА КАМЕРИТЕ ЗА СВОЕ СУДЕЊЕ, ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕПоранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е обвинет во двата случаи на СЈО „Траекторија“ и „Насилство во Општина Центар“ за кои што денеска во Кривичниот суд имаше рочишта. (Фото: М. Златевска)

    Одложено беше и денешното рочиште од судењето на експремиерот Никола Груевски во предметот на СЈО „Насилство во Општина Центар“, бидејќи немаше камери во судницата.

    Претходно, судијката Сафија Лаличиќ побарала за судењето за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров да се снима со камери во судница 1 и поради тоа, Груевски и останатите обвинети се качија во судница 12.

    Но, бидејќи таа беше мала, а има голем број обвинети и сведоци во предметот, судијката Татјана Михајлова се консултираше со судот и ја доби судница 1, но Лаличиќ си ги зеде камерите од судница 1 и се пресели во помала судница, бидејќи во тој предмет има само еден обвинет.

    Груевски и другите обвинети се симнаа во судница 1 и адвокатите побараа одложување. бидејќи немаше можност за тонско и визуелно снимање, а Михајлова го прифати барањето.

    Следното рочиште е закажано за в среда. Претходно денеска беше одложено и рочиштето за предметот на СЈО „Траекторија“, каде што обвинет е, исто така, Груевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира