Доналд Трамп изјави дека „ги соборил сите рекорди“, прославувајќи ја најголемата промена во американските даночни закони во последните неколку децении.
Се очекува Трамп да го потпише своето прво големо законодавно постигнување во наредните неколку дена, откако даночната реформа беше усвоена во Сенатот.
Ова е најголемата даночна реформа во САД во последните 30 години, со која ќе се намали даночната стапка на приходот на побогатите граѓани, додека за компаниите ќе се намали од 35 на 21 отсто.
„Ова беше неверојатно искуство. Ова е најголемото намалување на даноците во историјата на нашата земја. Им го ветив ова на граѓаните за Божиќ и го добија токму тоа. Пазарот допрва ќе сфати колку се позитивни овие реформи“, изјави Трамп по гласањето.
Демократите го нападнаа 1,5 трилиони вредниот закон дека е во интерес на богатите, додека на работниците им носи само мало олеснување.
„Ова е грабеж“, порача пратеничката Елизабет Ворен.
Со оваа реформа се укинува и дел од здравствениот систем што го воведе поранешниот претседател Барак Обама, познатиот Обамакер.