Глобалните природни катастрофи предизвикале штета од 306 милијарди долари во 2017 година, процени швајцарската осигурителна компанија „Свис ре“.
Оваа бројка претставува зголемување за 63% во споредба со лани и е над просекот во претходните десет години.
Најтешко беше погодена Америка, со ураганите на Карибите и во јужниот дел на САД, пожарите во Калифорнија и со земјотресите во Мексико.
И покрај зголемените финансиски трошоци, нема значително зголемување на бројот на човечки жртви. Според „Свис ре“, околу 11.000 луѓе загинале или исчезнале во природните катастрофи во 2017 година, што е слично на бројката од лани.
Како резултат на природните катастрофи, осигурителните компании морале да исплатат 136 милијарди долари, двојно повеќе од лани.