СЕЛА МУ ПРЕДЛОЖИ НА ЗАЕВ ДА ИМ ДАДЕ НА ДУИ ЗАМЕНИК ПРЕМИЕР ЗА НОСЕЊЕ БУРЕК

    СЕЛА МУ ПРЕДЛОЖИ НА ЗАЕВ ДА ИМ ДАДЕ НА ДУИ ЗАМЕНИК ПРЕМИЕР ЗА НОСЕЊЕ БУРЕКЛидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дава изјави за новинарите по средбата со Заев во Владата (Фото: СДК.МК)

    Сè додека не стигне предлогот до Собранието за министер за здравство, Алијансата за Албанците ќе го поддржува процесот на реформите, рече Зијадин Села, лидерот на Алијаната по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Владата.

    „Остануваме на нашите ставови, ние не прифаќаме договори кои што се прават преку ноќ. Можеби премиерот Зоран Заев треба да воведе нова функција – заменик премиер за носење бурек и таа да им ја даде на ДУИ. Ние не правиме договор над договорот. Имавме претходно направен договор и ние ќе останеме да ги поддржуваме реформите“, изјави Села.

    За други детали тој упати кај Заев и рече дека се надева дека предлогот кој ќе биде испратен до Собранието ќе биде тој на неговата партија и со тоа премиерот ќе покаже дека не подлегнува на никакви притисоци.

    Вчера, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кажа дека предлот на Владата за нов министер за здравство ќе биде Венко Филипче од СДСМ, кој треба да го пополни местото испразнето со заминувањето на Арбен Таравари од АА на градоначалничката позиција во Гостивар.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира