СЕПАРАТИСТИЧКИТЕ ПАРТИИ ОСВОИЈА МАЛО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО КАТАЛОНИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    СЕПАРАТИСТИЧКИТЕ ПАРТИИ ОСВОИЈА МАЛО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО КАТАЛОНИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИКаталонија масовно излезе на вонредните избори, но тие можеби нема да ја решат политичката криза (Фото: ЕПА)

    Коалицијата на партии кои се залагаат за независна Каталонија освои мало мнозинство на денешните вонредни парламентарни избори во регионот, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на излезните анкети.

    Ако ова се потврди со официјалните резултати, тоа би можело да отвори ново поглавје во каталонската политичка криза, предупредуваат коментаторите.

    Според овие резултати, сепаратистичките партии ќе освојат меѓу 67 и 71 место во регионалниот парламент, кој брои 135 пратеници. Блокот што се залага за единствена Шпанија ќе освои меѓу 55 и 62 места, а по некое пратеничко место ќе добие и партијата Подемос.

    Мадрид ги свика овие избори како реакција на нелегалниот референдум за независност на Каталонија, на кој мнозинството гласачи се изјаснија за отцепување од Шпанија, но излезноста беше само 43%.

    Официјалните резултати треба да бидат објавени по полноќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира