ОДЛУКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ОДЛОЖЕНА ЗА 5 ЈАНУАРИ ОТИ ПАК НЕМАЛО ПРЕВЕДУВАЧ ВО СОЛУНСКИОТ СУД

    ОДЛУКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ОДЛОЖЕНА ЗА 5 ЈАНУАРИ ОТИ ПАК НЕМАЛО ПРЕВЕДУВАЧ ВО СОЛУНСКИОТ СУДГоран Грујевски и Никола Бошкоски пред судот во Солун. (архивска фотографија)

    Судот во Солун го одложи донесувањето на одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Македонија за 5 јануари, објави државната агенција МИА.

    Беше најавено дека судот ќе се изјасни денеска, но поради немање преведувач на македонски јазик во судницата, на што инсистирале двајцата обвинети, одлуката ќе биде донесена по нова година. Претходно, две рочишта беа одложени поради немање преведувач.

    Македонија бара екстрадиција на Грујевски и Бошкоски за случајот на СЈО „Тврдина и Таргет“, кој се однесува на нелегално прислушување. Но, нив ги очекуваат уште два судски процеси во Солун: за барање азил и за фалсификувани бугарски пасоши, кои биле откриени кај нив кога сакале да заминат од аеродромот во Солун на 18 октомври. За вториот случај, тие треба да се појават во суд на 17 мај наредната година.

    Грујевски и Бошковски и денеска пред судот изјавиле дека не сакаат да бидат екстрадирани, бидејќи стравуваат за свои животи и не очекуваат да имаат фер судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира