ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ ВО СУДОТ ПО 15 МИНУТИ ОТКАКО СЕ ОДЛОЖИ „ТРАЕКТОРИЈА“

    ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ ВО СУДОТ ПО 15 МИНУТИ ОТКАКО СЕ ОДЛОЖИ „ТРАЕКТОРИЈА“Само што се одложи судењето на кое се констатираше дека обвинетиот Груевски не го оправдал отсуството, тој се симна од автомобил и влета во Основниот суд Скопје 1, веројатно дополнително да објасни зошто не дошол навреме (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот експремиер Никола Груевски утрово не се појави на судењето за проневера и примање провизија за изградбата на кинеските автопати, случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) именуван „Траекторија“. Само што се одложи судењето на кое се констатираше дека обвинетиот Груевски не го оправдал отсуството, тој се симна од автомобил и влета во Основниот суд Скопје 1, веројатно дополнително да објасни зошто не дошол навреме.

    На минатото рочиште, кога задоцни Груевски обвинителката Фатиме Фетаи рече дека ако вака продолжи да не го почитува времето на судот, таа ќе бара стражарно да биде приведен.

    Судењето освен поради неговото отсуство денеска се одложи и поради потреба од превод на дел од доказите што ги поднело СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира