МИЦКОСКИ ДОГОВОРИЛ СРЕДБА СО ЗАЕВ ПОПЛАДНЕВО

    МИЦКОСКИ ДОГОВОРИЛ СРЕДБА СО ЗАЕВ ПОПЛАДНЕВОПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не можеше да каже дали партијата ќе остане со 10 пратеничките групи во Собрание. - Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово (Фото: М. Златевска)

    Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зад кого застанаа сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освен Илија Димовски и Антонијо Милошоски, по обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека денеска во 16 часот ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и ќе ги договорат натамошните активности на опозицијата и власта.

    Мицкоски не можеше да одговори на новинарските прашања дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која е најбројна во парламентот, ќе се врати во собраниските клупи и ќе учествува во дебатата и носењето на клучните реформски закони кои денеска се на дневен ред на владина седницата.

    „Во текот на денот ќе има дебата во ВМРО-ДПМНЕ за понатамошните чекори околу враќањето на пратениците во работата на Собранието. Ништо не можам отсега да кажам. Сега се сретнав на кратко со премиерот Зоран Заев и договоривме средба за денеска во 16 часот. Од дебатата со сопартијците и од средбата со Заев, од која очекувам тој да соопшти дали власта ќе биде конструктивна во однос на опозицијата, ќе зависи тоа дали ќе се вратат пратениците во собраниските клупи“, рече Мицкоски.

    На новинарско прашање, пак, дали ВМРО-ДПМНЕ останува со 10 пратенички групи, а кои ќе бидат претставувани отсега натаму од Влатко Ѓорчев место Илија Димовски, Мицкоски рече дека и ова прашање ќе се разреши денеска по внатрепартиската средба.

    За Димовски и Милошоски, кои бараа одлагање на конгресот, рече дека сепак станува збор за партиски другари кои во минатото оставиле многу позитивно за партијата и вршеле сериозни партиски и државни функции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира