ВО ГЕРМАНИЈА ЗА БОЖИЌ УКРАЛЕ КОЛБАСИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 800 ЕВРА

    ВО ГЕРМАНИЈА ЗА БОЖИЌ УКРАЛЕ КОЛБАСИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 800 ЕВРАПолицијата соопшти дека крадците го испразниле одделот за колбаси во месарата

    Една од најтрадиционалните работи во Германија се колбаси, па затоа не чуди што крадците во централниот град Хомберг не можеле да им одолеат, кога тргнале во поход по затворените продавници за време на божиќните празници.

    Тие собрале колбаси во вредност од 800 евра, кога упаднале во една месара во градот.

    Грабежот се случил вчера вечер, кога е вториот неработен ден во Германија за Божиќ или денеска рано наутрол, полицијата не можеше да потврди.

    „Тие влегле на предната врата и потоа го испразниле одделот за колбаси. Оттаму си заминале со плен од околу 800 евра“, соопшти локалната полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира