ВО ЏАКАРТА НОВА ГОДИНА ДОЧЕКАНА СО МАСОВНА ВЕНЧАВКА, ВО ЊУЈОРК НА МИНУС 11 СТЕПЕНИ

    ВО ЏАКАРТА НОВА ГОДИНА ДОЧЕКАНА СО МАСОВНА ВЕНЧАВКА, ВО ЊУЈОРК НА МИНУС 11 СТЕПЕНИВо Рио де Жанеиро, стотици луѓе ја дочекаа нова година на плажата Копакабана(Фото:АП)

    Со огномети, прослави и локални традиции низ светот беше дочекана новата 2018 година.

    Една од земјите која прва ја пречека нова година беше Австралија, со спектакуларен огномет над Операта, кој го гледаа стотици луѓе од бродови на пристаништето.

    Во Џакарта, Индонезија на новогодишната ноќ се одржа масовна венчавка за сиромашни парови кои не можат да си дозволат соодветна свадбена церемонија.

    Во Џакарта, Индонезија на нова година се одржа масовно венчавање за сиромашни парови (Фото:АП)

    Будистите со запалени свеќи во рацете ја дочекаа Нвата година за време на прославата во храмот Џоџиса во Сеул, Северна Кореја.

    Но, во некои земји 2018 година почна со мрачни сигнали. Еден час по огнометот во Пјонгјанг, Северна Кореја, лидерот Ким Јонг Ун во новогодишното обраќање порача дека земјата го достигнала историскиот подвиг во ‘комплетирање’ на своите нуклеарни сили и покрај противењето на САД.

    Во Њујорк Нова година беше дочекана на минус 11 степени, што е една од најстудените новогодишни ноќи во последните 100 години.

    На Тајм сквер во Њујорк, илјадници конфети беа фрлени после полноќ (Фото:АП)

    Во Истанбул, Турција околу 100 граѓани се собраа пред ноќниот клуб „Реина“, во знак на сеќавање на жртвите од масовното пукање на новогодишната ноќ лани, кога загинаа 39 луѓе.

    Во Скопје, градските власти за прв пат не организираа дочек на Нова година на плоштадот Македонија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира