ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ПЕТАРДИ, ДВАЈЦА ОД ЗАТАЛКАНИ КУРШУМИ

    ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ПЕТАРДИ, ДВАЈЦА ОД ЗАТАЛКАНИ КУРШУМИВо Ургентен центар на скопските клиники нема повредени од петарди и пиротехнички средства, а повредените во Св.Наум Охридски по укажаната помош се пуштени дома (Фото:СДК.МК)

    Четворица пациенти повредени од петарди и двајца од заталкани куршуми вчера побарале медицинска помош во болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Од стара градска болница велат дека овие пациенти се амбулантски третирани, бидејќи повредите биле мали.

    „За новогодишната ноќ имавме 65 прегледи, при што пет пациенти се хоспитализирани, а четворица се оперирани. За време на дочекот на Нова Година имаше четири пациенти со полесни повреди од пиротехнички средства, амбулантски се згрижени и пуштени дома. Имавме и двајца со полесни повреди на вратната регија од заталкани куршуми, повредите беа во форма на гребнатини. И овие пациентите амбулантски се третирани и пуштени дома. Немаше приеми и операции на повредени од дочекот на Нова Година“, велат од „Св.Наум Охридски“.

    Во Ургентниот центар на скопските клиники во текот на вчерашниот ден и ноќта биле направени 63 прегледи, а само седум пациенти се примени на хируршките клиники , од кои четири на Неврохирургија и по еден на Траума, Пластична хирургија и Дигестивна хирургија.

    „Пациентот примен на Траума е со скршеница на бутна коска, повреден во сообраќајна несреќа во Велес, околу два часот по полноќ. Утрово е примена на Трауматологија и извршен е оперативен зафат. Од истата сообраќајна несреќа уште еден пациент е упатен на Клиниката за максилофасцијална хирургија . На Неврохирургија еден од повредените е примен на опсервација поради повреда во сообраќајна несреќа околу 20 часот соноќа. Уште еден пациент е на оперативен третман поради повреди здобиени при пад во домот. Третиот е примен со мозочен удар, а последниот со потрес на мозок“, вели д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за таруматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

    Со повреди од тепачка во Ургентен центар биле примени и двајца пациенти, кои по укажаната медицинска помош се пуштени дома. На домашно лекување пуштен е и еден пациент повреден во сообраќајна несреќа. Повредени од употреба на петарди и други пиротехнички средства во Ургентен центар нема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира