ФРАНЦИЈА ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

    ФРАНЦИЈА ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИДенес за само неколку илјади евра можат да се шират невистини на социјалните мрежи, вели Емануел Макрон (Фото: ЕПА)

    Францускиот претседател Емануел Макрон најави донесување на нов закон за медиуми, за да им се спротивстави на таканаречените лажни вести.

    Тој изјави дека за време на изборите, медиумите ќе се соочат со построги правила околу содржината што ќе ја објавуваат на своите страници.

    „Сведоци сме дека се прават намерни обиди да се замагли границата помеѓу вистината и лагите и да се поткопа вербата во либералната демократија“, кажа Макрон.

    Иако никого не именуваше, аналитичарите сметаат дека тој со оваа изјава алудираше на Русија. Макрон веќе зборуваше за обидите на Москва да манипулира со јавното мислење во Европа и САД.

    „Сега за само неколку илјади евра можат да се шират невистини на социјалните мрежи. Таму постојат илјадници пропагандни страници, кои низ целиот свет, на сите јазици, шират лаги за да се оцрнат политичари, јавни личности и новинари. За да се бориме против ова, треба да воведеме построги правила на социјалните мрежи, при што ќе мора да се именуваат извори на објавените содржини“, кажа Макрон.

    Исто така, ќе се воведат ограничувања колку може да се потроши на спонзорирани содржини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира