СОЛУНСКИОТ СУД ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ

    СОЛУНСКИОТ СУД ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИСледното рочиште за случајот на СЈО „Тврдина-Таргет“ е закажано за 17 јануари, но неизвесно е дали двајцата дотогаш ќе бидат екстрадирани во Македонија. - Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија да одговараат како обвинети во случајот на СЈО „Тврдина-Таргет“ и за други обвиненија, одлучи утринава Апелациониот суд во Солун.

    Како што објави грчкиот портал Ворија, ексначалникот на Петтата управа Грујевски и неговиот помошник во извршувањето на кривичните дела Бошкоски, имаат право да се жалат до Врховниот суд на Грција. Додека тече тој рок, тие остануваат во затвор во Солун, од каде ќе ги носат на останатите судски процеси, едниот за фалсификување на патни исправи, другиот за барањето за азил што беше поднесено од нивна страна.

    Судењето за масовното нелегално прислушување и за уништувањето на опремата со која се прислушувало во УБК, односно во Петтата управа на МВР, на 22 декември не почна, бидејќи не беа присутни избеганите Грујевски и Бошкоски. Следното рочиште е закажано за 17 јануари, но неизвесно е дали двајцата дотогаш ќе бидат екстрадирани во Македонија.

    Против нив во сила е мерката притвор.

    На 22 декември во Основниот суд Скопје 1 дојдоа останатите обвинети: Сашо Мијалков, Гордана Jанкулоска, Тони Јакимоски и вработени во УБК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира