ИТАЛИЈАНСКИТЕ МУЗЕИ ЛАНИ ИМАЛЕ РЕКОРДНИ 50 МИЛИОНИ ТУРИСТИ

    ИТАЛИЈАНСКИТЕ МУЗЕИ ЛАНИ ИМАЛЕ РЕКОРДНИ 50 МИЛИОНИ ТУРИСТИ Бројката на туристи во споредба со 2016 година е зголемена за 10, 4 отсто

    Италијанските музеи и културно- историски знаменитости лани привлекоа повеќе од 50 милиони туристи, објави Министерството за култура, додавајќи оти ова е рекордна бројка.

    Бројот на посетители беше зголемен за 10,4 отсто во споредба со 2016 година, а приходите од продажба на билети изнесуваа 193,6 милиони евра (232,9 милиони долари), што претставува пораст од 11,6 отсто за период од една година.

    Колосеумот и Римскиот форум останаа најпопуларни културни локалитети во Италија, со нешто над 7 милиони посетители, а потоа следува античкиот римски град Помпеја, со речиси 3.4 милиони туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира