И ПРАТЕНИКОТ ЈУСУФ ХАСАНИ ЈА НАПУШТИ КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

    И ПРАТЕНИКОТ ЈУСУФ ХАСАНИ ЈА НАПУШТИ КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕПратеникот на ДПТ Јусуф Хасани(десно) е третиот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ кој ја напушта опозиционата коалиција „За подобра Македонија“. Претходно, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди бајрам, лидер на Сојузот на Ромите ја напутија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ(Фото:Фејсбук)

    Јусуф Хасани, пратеник на Демократската партија на Турците (ДПТ) ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе делува како независен пратеник во Собранието.

    Пратеникот Хасани го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека станува независен пратеник.

    Пратеникот на ДПТ Хасани е третиот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ кој ја напушта опозиционата коалиција „За подобра Македонија“. Претходно, Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди бајрам, лидер на Сојузот на Ромите ја напутија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира