Големиот камбек на Новак Ѓоковиќ на тениските терени заврши во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако загуби од сензацијата од Јужна Кореја, Хјеон Чунг, со 5:7, 6:7, 6:7.
Дваесет и едногодишниот Чунг, кој се наоѓа на 58. место на АТП-листата, претходно ги елиминираше и браќата Миша и Александар Зверев и Данил Медведев.
Најмладиот тенисер во оваа рунда целосно го надигра шесткратниот шампион од Мелбурн, за да го победи по три часа игра. Ѓоковиќ, кој немаше играно сериозни мечеви од ланскиот Вимблдон, направи девет двојни сервис-грешки и речиси 60 неизнудени грешки.