Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ја укина мерката притвор за оперскиот пејач Игор Дурловски и за Елена Доцевска Божиновска од кабинетот на експретседателот на Собранието Трајко Велјаноски и им определи мерка куќен притвор.
Прифатено беше и барањето за укинување на мерката куќен притвор за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска и ѝ изрече поблаги мерки на претпазливост. Сите тројца се осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието
„На Е.Д.Б. и И.Д. го прифати предлогот на обвинителството и им ја укина мерката притвор и им определи мерка куќен притвор и на Ж.П. го прифати предлогот на обвинителството и ја укина мерката куќен притвор, а и определи мерки за претпазливост, односно – Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска обвинетиот да се јавува на овластено службено лице во судот, Одземање на патна исрпава и забрана за издавање нова патна исправа и Забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица“, соопштија од Основниот суд Скопје 1.
За останатите, судот ги продолжи досегашните мерки на претпазливост, притвор и куќен притвор.
„На К.М., С.В., Љ.А.,М.Ч.,Д.Л.,Г.Ѓ.,О.П.,О.Р.,М.П.,А.А.,И.Ц.,Б.Д.,Б.И.,В.Ј.,М.П.,З.С.,Ј.Ч.,И.С.,Г.А.,В.Т., и В.М., им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена и на Љ.Д.,Ј.Т.,С.М., С.М., и М.М. им ја продолжи мерката куќен притвор“, се вели во соопштението.