НЕМА НИШТО СТРАШНО ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ИЗЈАСНАТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВ

    НЕМА НИШТО СТРАШНО ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ИЗЈАСНАТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за рочиштето за предметот „Поткуп“, кое што беше одложено поради отсуство на обвинителот Владимир Милошевски. (Фото: М. Златевска)

    Зоран Заев не е дециден дали тој како премиер на Македонија и колегата Алексис Ципрас како премиер на Грција договараат изјаснување на референдум во двете држави за евентуалното постигнато решение на спорот за името. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали полека бледнее опцијата за референдумско изјаснување за името во двете држави, Заев одговори како лидер на СДСМ.

    „Ставот на Социјалдемократскиот сојуз е до решение за спорот за името со Грција да се дојде заедно со опозицијата и тоа да биде потврдено на референдум. Нема ништо страшно во изјаснување на граѓаните од двете страни. Според нашите закони, референдумот би се организирал и распишал брзо, а и би бил гаранција за Грција за решението“, го кажа премиерот Заев ставот на СДСМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира