ДИРЕКТОРОТ НА МНТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО СООБРАЌАЈКАТА

    ДИРЕКТОРОТ НА МНТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО СООБРАЌАЈКАТАГлумецот Драган Спасов - Дац беше назначен за директор на МНТ на 5 август минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов – Дац денеска си поднесе оставка откако синоќа во сообраќајна несреќа, под дејство на алкохол, со возило удри пешак во скопската населба Кисела Вода. Министерството за култура потврди дека ја примило и ја прифатило оставката.

    „Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н. У. Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац“, соопшти кусо Кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски.

    Претходно денеска, Министерството за култура и Владата, кажаа дека лице кое сторило таков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира