УСЛОВНА МЕСТО ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ Ѝ ГО СКИНА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА СОПРУГАТА

    УСЛОВНА МЕСТО ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ Ѝ ГО СКИНА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА СОПРУГАТАВо Велешкиот основен суд првично на Ѓоре Тодоров му беше изречена казна затвор во траење од две години, еден месец и два дена. - Основен суд Велес (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја смени затворската казна во условна, против кавадарчанецот Ѓоре Тодоров, кој беше осуден на две години оти го искинал гласачкото ливче на сопругата.

    Во Велешкиот основен суд првично на Тодоров му беше изречена казна затвор во траење од две години, еден месец и два дена. По жалба, Тодоров доби алтерантивна казна од две години кои ќе ги одлежи, ако во период од пет години стори ново кривично дело.

    Тој го призна делото Уништување на изборен материјал, кое според обвинението, го сторил на парламентарните избори на 11 декември 2016 година, на избирачкото место бр. 0677 во ОУ Тоде Хаџи-Тефов во Кавадарци. Тодоров на избирачкото место дошол во придружба на неговата сопруга, па откако ги примиле гласачките ливчиња и обвинетиот го остварил своето гласачко право, се упатил кон параванот зад кој гласала неговата сопруга.

    Членовите на Избирачкиот одбор го опомениле дека таму не смее да биде. Тодоров се повлекол, но откако неговата сопруга излегла од зад параванот, тој и го зел гласачкото ливче од раката, го искинал и го изнел надвор од просторијата во која се гласало.

    Апелација ги прифатила фактите дека досега Тодоров не е осудуван, дека е на возраст од 67 години и дека целта на казнувањето може да се постигне со условна, место со ефективна казна затвор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира