ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТИ Ѝ ГО ИСКИНАЛ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА СОПРУГАТА

    ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТИ Ѝ ГО ИСКИНАЛ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА СОПРУГАТАИнцидентот се случи на последните парламентарни избори на 11 декември лани, на избирачко место во Кавадарци (Фото илустрација: СДК.МК)

    Кавадарчанецот Ѓоре Тодоров (69) доби затвор од 2 години, еден месец и два дена  поради тоа што искинал гласачко ливче на гласачко место. Тој  во Основен суд Велес  го признал делото, по што е прогласен за  виновен за  кривично дело уништување изборен материјал.  Инцидентот се случи на последните парламентарни избори на  11 декември лани,  околу 12 часот, на избирачкото место бр.0677 во ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци.

    Според  обвинението, на избирачкото место Тодоров  дошол во придружба на неговата сопруга па откако ги примиле гласачките ливчиња и обвинетиот го остварил своето гласачко право, се упатил кон параванот зад кој гласала неговата сопруга, но бил опоменат од членовите на Избирачкиот одбор дека таму не смее да биде. По ова  се повлекол, но откако неговата сопруга излегла од зад параванот, тој ѝ го зел гласачкото ливче од раката, го искинал и го изнел надвор од просторијата во која се гласало. Гласањето било во прекин околу половина час, а потоа продолжило без проблем, а прекинот тогаш го потврди и претседателот на Општинската  изборна комисија Кавадарци Зоран Костов.

    ГО ИСКИНАЛ ЛИВЧЕТО ОТИ НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА КОНТРОЛИРА КАКО ЌЕ ГЛАСА СОПРУГАТА

    Висината на изречената затворска казна од две години, еден месец и два дена е  во согласност со Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

    Пред две години, во велешкиот Суд на  кавадарчанецот Деан Димитриевиќ му беше изречена затворска  казна од  три години, за кривичното дело спречување на избори  и гласање оти на избирачко место ја искршил кутијата  за гласање.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира