ПРИВЕДЕНИ 15 МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ТЕПАЧКА И КАМЕНУВАЛЕ АВТОБУС ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЧЕНТО

    ПРИВЕДЕНИ 15 МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ТЕПАЧКА И КАМЕНУВАЛЕ АВТОБУС ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЧЕНТООколу 19.30 часот на улицата Алија Авдовиќ, во близина на последната автобуска станица на линиите 45 и 23 дошло до тепачка на две групи во која учествувале малолетници. Едната група која го учествувала во тепачката каменувала и автобус на ЈСП „Скопје“ (Фото: СДК.МК)

    Петнаесет малолетници вечерва се приведени поради учество во тепачка меѓу две групи во скопската населба Ченто, потврди Министерството за внатрешни работи.

    Околу 19.30 часот на улицата Алија Авдовиќ, во близина на последната автобуска станица на линиите 45 и 23 дошло до тепачка на две групи во која учествувале малолетници. Едната група која учествувала во тепачката го каменувала и автобусот на ЈСП „Скопје“ 65б која минувал покрај локацијата каде се случил инцидентот.

    Случајот во Министерството за внатрешни работи го пријавил возачoт на автобусот по што полицијата излегла на терен и привела 15 учесници во инцидентот.

    „Околу 19.35 часот од страна на возач во ЈСП‘Скопје‘ било пријавено дека на дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи. Едната група го каменувала автобусот со бр.65б при што биле искршени 4 стакла од вториот спрат на автобусот. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и во Полициска станица Гази Баба се приведени се 15-на лица од двете групи за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира