Некои од најголемите имиња во германската автомобилска индустрија, како што се БМВ, Дајмлер, Ауди и Порше се погодени од масовни штрајкови по несогласувањата околу платите и работните часови.
Околу 7.000 вработени во БМВ во Минхен почнаа штрајк, кажа Хораст Лишка од ИГ Метал, најголемиот синдикат во Германија, кој ги води 24-часовните штрајкови во металната и електронската индустрија.
„Работата во целата фабрика е запрена“, додаде тој.
Во текот на штрајковите денес се очекува околу 300.000 работници да прекинат со работа. Околу 200.000 тоа го направија два дена претходно.
Синдикатот бара зголемување на платите за 6 отсто за неговите членови, што е двојно од она што работодавачите го понудија. Синдикатот, исто така, бара да се воведе одредба која ќе им овозможи на некои од работниците, како што се родители на мали деца, или оние што се грижат за болни роднини, да им се намали работното време на 28 часа неделно во период од две години.
Неколку стотици штрајкувачи беа собрани на влезот на фабриката на БМВ во баварскиот главен град.
Најголемата фабрика за автомобили во Минхен се наоѓа на околу 100 километри југозападно од Динголфинг, каде 13.700 вработени зедоа учество во синдикалните акции“, кажа Роберт Грашеј, член на синдикатот.
„Како резултат на тоа денес нема да бидат произведени 1.600 автомобили“, кажа тој, објаснувајќи колку изнесува дневната производна стапка.
Околу 3.600 работници не се појавија на ноќната смена на три локации на фабриките околу Штутгарт, кажа синдикатот.
„Во фабриката на Дајмлер во Синделфинген, југозападно од Штутгарт, сите влезови во фабриката се блокирани“, кажа ребека Ханшел, Рд ИГ Метал.
Фабриката во Синделфинген е една од трите капацитети погодена од штрајковите, заедно со друга фабрика на Дајмлер и на Порше.
Две фабрики на Ауди во Баварија се затворени од 6 часот наутро, а портпаролот на синдикатот, но не знаеше да каже колку вработени штрајкуваат.